Дома Фудбал Германија Познат комплетниот распоред на Бундеслигата до крајот на сезоната

Познат комплетниот распоред на Бундеслигата до крајот на сезоната

Вчера стана јасно дека германската Прва Бундеслига ќе биде првиот голем шампионат што ќе се продолжи по пандемијата од коронавирус. Германската фудбалска лига го закажа рестартирањето на елитното првенство во земјата за 16 мај.

Германците решија да ја изиграат сезоната до крај, а натпреварот од 26 коло ќе се игра на 16, 17 и 18 мај.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во сабота ќе се соочат Борусија Дортмунд-Шалке, Лајпциг-Фрајбуг, Хофенхајм-Херта, Фортуна Дизелдорф-Падерборн, Аугсбург-Волфсбург и Ајнтрахт Франкфурт-Борусија Менхенгладбах.

Ден подоцна на програмата е дуелот меѓу Келн и Мајнц, како и Унион Берлин – Баерн Минхен, а колото ќе заврши во понеделник со мечот Вердер Бремен – Баер Леверкузен.

Познати се и датумите на натпреварите од 27 до 34 коло, а целиот распоред може да го видите ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…