Дома Фудбал Познат италијански тренер завршил во болница пред натпреварот Италија – Македонија

Познат италијански тренер завршил во болница пред натпреварот Италија – Македонија

Италијанските медиуми потврдија дека вчера на „Олимпико“ имала една непријатна ситуација пред почетокот на натпреварот помеѓу Италија и Македонија.

Поранешниот познат италијански стратег, Ренцо Уливиери доживеал здравствени проблеми и итно бил пренесен во болница каде што бил и задржан во теот на ноќта.

Докторите му ги направиле сите потребни тестови пред да му дозволат да ја напушти болницата. Најавите за среќа се дека нема ништо сериозно и тој ќе биде пуштен на домашно лекување.

Во овој момент 82-годишниот Уливиери е претседател на италијанската тренерска асоцијација, а во кариерата како тренер водеше екипи како Наполи, Парма, Болоња, Торино…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кајоде блесна на дебито за Италија: Манчини ми веруваше повеќе отколку што очекував

Мајкл Кајоде го одбележа првиот настап за Италија со гол против Турција, а откри и зошто н…