Дома Фудбал Италија Познат е списокот кандидати: Тик так до именувањето на новиот селектор на „Аѕурите“

Познат е списокот кандидати: Тик так до именувањето на новиот селектор на „Аѕурите“

Фудбалскиот сојуз на Италија вечерва потврди дека Џампиеро Вентура повеќе не е селектор на „Аѕурите“ откако не успеа да ја одведе оваа селекција на СП првпат по 1958. година.

Вентура е на удар кај италијанската јавност од првиот ден бидејќи многумина сметаа дека тој не е вистинското решение за селекторската позиција. Италијанскиот стратег стана најомразената личност на Апенините и ќе остане засекогаш запаметен како тренерот кој не успеа да ја однесе Италија на Мундијалот по цели 60 години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ФС на Италија одлучи вечерва да му врачи отказ на Вентура кој имаше шанса достоинствено да ја напушти клупата на селекцијата. Меѓутоа, тој по дуелот одби да поднесе оставка бидејќи веруваше дека работите ќе се поправат. Но, на крајот сфати дека на кратко го одложи она што не можеше да се избегне, а тоа е неговиот отказ.

За тоа кој би можел да биде негов наследник почнаа гласините. Италијанските медиуми инаку пренесоа дека вечерва ќе биде познато новото име.

Покрај Анчелоти се шпекулира дека на списокот кандидати се наоѓаат Манчини, Џампаоло, Алегри, Раниери.

Сепак, според многумина Раниери верува во чуда, а со Лестер тој докажа дека чудата се можни и кога најмалку се надевате.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …