Дома Фудбал Познато на што се жалеле играчите на Челзи

Познато на што се жалеле играчите на Челзи

Дел од играчите на Челзи се жалеле кај раководството дека не добиваат доволно јасни тактички инструкции од Франк Лампард.

Лампард денес и официјално доби отказ од „Стенфорд Бриџ“ после серијата на слаби резултати и лошата форма на тимот.

Се сметаше дека Лампард ја има поддршката на играчите, но медиумите на Островот денес објавија дека неколку фудбалери се жалеле на неговите методи на работа, а еден од нив бил голманот Кепа Аризабалага.

Шпанецот зборувал со директорите Марина Грановскаја и Петр Чех дека не добил никаква поддршка од Лампард кога имал тешки моменти минатата сезона.

Други фудбалери, чии имиња не се споменуваат, се жалеле дека Лампард не им давал јасни тактички насоки и задачи за време на натпреварите.

Англиските медиуми пренесуваат дека одлуката за отказ на Лампард била донесена уште после поразот од Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…