Во Србија се најави снимање на филм за големиот успех на Црвена Звезда во 1991 година, а сега е објавено и кој ќе го глуми нашиот Дарко Панчев.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите улогата на Панчев треба да ја добие Милош Биковиќ кој се прослави со улогата на Тирке во Монтевидео.
„Не можам сега да кажам во која улога најдобро би се вклопил, но прво што ми паѓа на памет е Дарко Панчев. Можеби таа улога најдобро „ќе ми легне“. Тој успех на Звезда е нешто посебно и сигурно филмот би имал голема вредност“, изјави Биковиќ.