Дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт готово сигурно ќе го напушти англискиот шампион на лето.
Поранешниот дефанзивец на Билбао го загуби првотимскиот статус во Манчестер Сити и поради тоа сака да ја промени средината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Граѓаните“ за неговиот потпис платиија 65 милиони евра, но се спремни да го пуштат на лето ако пристигне добра понуда.
Ситуацијата будно ја следи Барселона, која покажува сериозен интерес за Шпанецот и ќе се обиде да го доведе на лето.
Лапорт дури е спремен да ја намали платата за да се пресели на „Камп Ноу“.