Манчестер Јунајтед денес за привремен тренер го постави Оле Гунар Солскјер, но на лето ќе бара етаблирано тренерско име.
Англиските медиуми тврдат дека првото име на списокот е менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, но за да го добијат неговиот потпис „црвените ѓаволи“ ќе треба да платат 34 милиони фунти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Покетино ова лето потпиша нов договор со „спарси“ и во него нема ослободителна клаузула. Тоа значи дека Јунајтед за да го откупи неговиот договор ќе треба да плати 34 милиони фунти.
Ако на таа сума се додадат компензациите и отштетата за отказот на Мурињо, тоа значи дека „црвените ѓаволи“ ќе треба да потрошат повеќе од 50 милиони фунти.
Манчестер Јунајтед не е единствениот клуб кој го сака Покетино. Реал Мадрид исто така веќе стапил во контакт со неговите агенти, но и „кралевите“ не се спремни да платат толава сума за тренер.
Manchester United will have to pay Tottenham Hotspur £34 million in compensation should they seek to appoint Mauricio Pochettino, reports @MattHughesTimes https://t.co/jBssgUsIKZ
— Times Sport (@TimesSport) December 18, 2018