Горан Пандев во изминатиот викенд го постигна својот деби гол за Парма, но и се повреди.
Пандев во игра влезе на почетокот на второто полувреме за десетина минути подоцна да се запише во листата на стрелци. Важна улога одигра Пандев и при постигнувањето на вториот гол на Парма кој дојде после неговиот шут. Набрзо потоа и се повреди. На теренот помина вкупно 25 минути во кои даде огромен допринос во пресвртот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега е објавено и колку ќе паузира Пандев. Повредата не е сериозна, а Парма без Пандев ќе мора да биде во с ледните два натпревари против Кремонезе кој се игра задутре и против Тернана во сабота.
Се додава дека постои мала можност да биде во конкуренција за натпреварот против Тернана ако ги помине медицинските тестови во текот на неделата, додека дуелот со Кремонезе дефинитивно ќе го пропушти.
Најреално е да се очекува враќање на Пандев идниот вторник кога Парма ќе игра против Пиза.