Лондонски Челси во наредните два натпревари нема да може да смета на Французинот Нголо Канте.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Менаџерот на Сините, Франк Лампард, денеска потврди дека во наредните два натпревари нема да смета на Канте.
Имено, овој фудбалер има лесна повреда на тетивата, па Лампард одлучи да го одмори на дуелите со Морекомбе и Фулам.
Да потсетиме, во оваа сезона Канте за Челси одигра 17 натпревари во ПЛ, а член е на лондонскиот клуб од 2016. година. Во Челси пристигна од редовите на Лестер.