Реал Мадрид минува низ еден од најлошите периоди во својата историја и тоа им е јасно веќе насите.
Кога тимот игра лошо јасно е кој ја плаќа цената – трнерот. Лопетеги е пред императив на победи во следните натпревари доколку сака да ја задржи својата функција, а во случај да добие отказ Реал Мадрид ќе мора да му исплати оштета која воопшто не е мала.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, доколку Реал Мадрид го отпушти Лопетеги шпанскиот стратег ќе добие сума о 18 милиони евра.
Лопетеги има договор до 2021 година кој му гарантира шест милиони по сезоната и може да се каже дека на еден начин е заштитен.
Шпанецот на „Бернабеу“ пристигна во изминатото лето кога дури и ја жртвуваше селекторската функција во Шпанија пред самиот почеток на Мундијалот.
Сепак, на стартот работите не се одвиваат онака како што се очекуваше и доколку нешто набрзо не се промени многу веројатно ќе му биде покажана излезната врата.