Дома Фудбал Познато колку пари потрошиле италијанските клубови за агенти: Јувентус лидер!

Познато колку пари потрошиле италијанските клубови за агенти: Јувентус лидер!

Италијанските клубови од Серија А платиле 138 милиони евра провизија на фудбалските агенти во 2017 година, што е за 30% помалку во споредба со претходната 2016.

Ова стана јасно откако Италијанската фудбалска федерација ги објави точните бројки кои клубовите ги платиле за надоместоците на агентите.

Актуелниот шампион Јувентус е лидер со 42 милиони евра што им ги дал на агентите за трансфери. Рома е на второ место по овој показател со 23 милиони евра.

Милан, кој го смени речиси целиот состав минатото лето, потрошил 21 милиони евра. Интересно, Интер бележи најсериозен пад со 3,2 милиони во споредба со 23,4 милиони евра потрошени во 2016 година.

Од големите клубови најмала провизија за агенти платил Лацио, само 1 милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два гола од клупата: Сила го скрши Башкими и стигна до „десетка“

Н’фанли Сила со два погодока и асистенција ја предводеше победата на Тиквеш од 3-1 над Баш…