Дома Фудбал Останато Познато колку пари заработи Рома од освојувањето на Конференциската лига

Познато колку пари заработи Рома од освојувањето на Конференциската лига

Рома вчера со победата против Феенорд во Тирана стана првата екипа која ја освоила Конференциската лига, за Рома ова беше прв трофеј после 1961 кога „волчицата“ го освои Купот на саемските градови.

Победата за тимот на Мурињо ја обезбеди Заниоло со голот во 32. минута од натпреварот, а со тоа Португалецот стигна до својот петти европски трофеј.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со освоената Конференциска лига Рома се избори за настап во Лигата на Европа, но тоа не и значи многу затоа што пласманот во второто по ранг натпреварување во Европа Рома го обезбеди и преку Серија А.

Меѓутоа сигурно има значење сумата која клубот од Рим ја освои преку ова натпреварување. Во Конференциската лига Рома се пласираше преку плеј-офот каде што го победи турски Трабзонспор со 5:1. Со пласманот во групите од УЕФА добија 2.94 милиони евра каде што за секој освоен бод се добиваа по 166.000 евра. Рома групата ја заврши со 13 бодови со што се доаѓа до бројка од 2.15 милион евра.

Освен тоа тие добија и бонус за првото место од 650.000 евра, 300.000 за поминување на групата и уште 600.000 за пласман во осминафиналето. Со влегувањето во четвртфиналето заработија дополнителен милион евра и уште два за полуфиналето, со победата во финалето касата си ја наполнија за уште пет.

Кога се ќе се собере Рома oд Конференциската лига заработила 14.6 милионји евра. Тука не влегуваат парите кои клубот ги добиваше од ТВ правата. Со тие пари кои ќе ги добијат подоцна ќе имаат сума од околу 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Казнет навивачот кој го бакна Роналдо

Репрезентацијата на Португалија го загуби пријателскиот натпревар против Словенија, а на о…