Четвртфиналните натпревари од англискиот ФА Куп ќе се изиграат во последниот викенд на јуни, односно 27 и 28 јуни, откри Фудбалската асоцијација.
Финалето на најстариот фудбалски турнир во светот е планирано да се изигра на 1-ви август на стадионот „Вембли“, а полуфиналните дуели на програмата се на 11 и 12 јули. Фудбалската асоцијација потврди дека ова е планот кој допрва треба да биде изгласан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Имаме начелна програма за доигрувањето на Купот за сезоната 2019/20. Ова натпреварување е неделив дел од нашиот фудбалски календар со традиција од скоро 150 години. Поради тоа сакаме клубовите од Премиер лигата да дадат поддршка за нашиот план“, објавија од Фудбалската Асоцијација.
Во четвртфиналето треба да играат Лестер – Челзи, Њукасл – Манчестер Сити, Шефилд Јунајтед – Арсенал и Норвич – Манчестер Јунајтед.