Дома Трансфер зона Познато кога точно Маскерано ќе ја напушти Барса

Познато кога точно Маскерано ќе ја напушти Барса

Хавиер Маскерано е на излезна врата од Барселона, а сега е откриено и кога точно ќе го напушти „Кам Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Мундо Депортиво“, весник кој е добро информиран за случувањата во Барселона потврди дека Маскерано ќе го напушти клубот после реванш натпреварот од четвртфиналето во Купот.

Натпреварот ќе се одигра на 25-ти јануари на „Камп Ноу“, па Маскерано ќе има можност да се прости од своите навивачи.

Барселона денес му гостува на Еспањол во првиот натпревар, но 33-годишниот Аргентинец е надвор од тимот поради повреда.

Аргентинецот кариерата ќе ја продолжи во кинескиот Хабеи, а Барселона од трансферот ќе добие 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…