Баерн Минхен во саботата ја победи Борусија Дортмунд со 2:3 во дербито и така ја потврди доминацијата во Бундес лигата, меѓутоа Баварците во овој дуел останаа без еден од своите клучни играчи.
Во финишот од првото полувреме Џошуа Кимих во солзи го напушти теренот, а по деталните прегледи се покажа дека тие солзи не биле залудни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кимих мораше да оди на операција. Направен му е успешен зафат на мединскусот на десното колено и сега го чека долга пауза. Од Баерн потврдија дека Кимих ќе паузира најмалу два месеци, тие се надеваат дека ќе го имаат за јануари.
„Џошуа веројатно повторно ќе биде со нас за два месеци. Ќе му биде потребна поддршка во текот на рехабилитиацијата“, изјавија членот на Управниот одбор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.