Дома Трансфер зона Познато кога Бразилецот од 35 милиони евра ќе пристигне во Милано

Познато кога Бразилецот од 35 милиони евра ќе пристигне во Милано

paqueta

Навивачите со нетрпение чекаат да го видат во новиот дрес, а сега знаат и кога тоа ќе се случи.

Лукас Пакета, младиот играч кој го привлече вниманието од бројните европски клубови ќе го облече дресот на Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фламенго во текот на вчерашниот ден и официјално го потврди трансферот вреден 35 милиони евра. Тие исто така истакнале дека Реал Мадрид имал обид да го доведе Пакета, но во тие моменти договорот со Милан веќе бил постигнат.

Пакета потпис ќе стави на 3-ти јануари кога ќе биде отворен зимскиот преоден рок, но како што пренесува „Скај Спорт Италија“, Пакета во Милано ќе пристигне веднаш после последниот натпревар за Фламенго.

Фламенго својот последен натпревар го игра против Атлетико Параненесе на 2-ри декември, што значи дека Пакета еден месец пред потпишувањето на договорот ќе пристигне во Милан. Гатузо така ќе има доволно време да го запознае со своите тренинзи и методи на работа.

https://www.youtube.com/watch?v=V_6-WjMH5N0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…