Лионел Меси вчера соопшти дека останува во Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако претходната недела побара да замине од клубот, раководството на каталонскиот великан не му дозволи, а Меси не сакаше да оди на суд и да докажува дека на време го известил клубот дека сака да замине.
На крајот одлучи да не прави дополнителен хаос и донесе одлука да остане. Сепак, во Барса ќе го гледаме уште една сезона, а наредното лето ќе направи трансфер.
Еуроспорт тврди дека аргентинската ѕвезда наредното лето ќе потпише за Манчестер Сити, како што се и очекуваше.
Веќе од зимскиот преоден рок ќе може да преговара со други екипи. Сепак, се очекува дека ќе стане член на Граѓаните и дека со нив ќе договори петгодишна соработка.
Три од петте години ќе го носи дресот на Сити, а кариерата како 39-годишен играч може да ја заврши во Њу Јорк Сити.