Дома Топ вести Познато каде Зизу ќе продолжи после Реал: Единствен повик кој не се одбива!

Познато каде Зизу ќе продолжи после Реал: Единствен повик кој не се одбива!

Нејмар – 222 милиони евра. Килијан Мбапе – 180 милиони евра. ПСЖ тука нема да застане.

Како што пишуваат реномирани медиуми во Шпанија, екипата на ПСЖ во следната сезона сака да стане најдобриот тим во Европа и светот, а парите не им се пречка. На патот им стои Реал Мадрид, екипата која во моментов ја има титулата која ПСЖ ја сака, а сопствениците на клубот од „Паркот на Принцовите“ во својата сложувалка сакаат уште еден важен дел од Лос Бланкос.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, тие во текот на летото оствариле неколку контакти со првото име на Реал, Зинедин Зидан, но безуспешно. Наводно, Французинот, барем се уште, не сака да тренира екипа од својата татковина, но откри дека постои само еден тим за кого би се откажал од Реал Мадрид.

Тоа е фудбалската репрезентација на Франција. На репрезентативно ниво, Зидан со „триколорите“ осовои Светско првенство во Франција 1998. година, како и Европско во 2000. година. „Триколорите“ се единствената екипа поради кој Зидан би го напуштил „Сантијаго Бернабеу“, но како што сега стојат работите, тоа е во далечната иднина.

Во Францускиот фудбалски сојоз се задоволни од работата на Дидие Дешамп, кој минатата сезона ги одведе до финалето на Европското првенство, каде што беа поразени од Португалија со минимален резултат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…