Дома Фудбал Познато и петтото засилување на Челси

Познато и петтото засилување на Челси

Антонио Конте и натаму чека. Петтото засилување за Челси би можел да биде Рос Баркли. Тоје на мета на Тотенхем, кој понуди околу 26 милиони евра на Евертон, но се чини дека „Плавите“ би можеле да дадат многу поголема плата.

Баркли одби да го продолжи договорот со „Карамелите“, како замена Куман го донесе Сигурдсон и како се чини, талентираниот Англичанец е на излезни врати. Невоља е што се повреди и сега неговата цена е помала.

Конте со Барли до крајот на преодниот рок би можел да го ангажира и Ван Дајк за 70 милиони евра,но и натаму се обидува да го донесе Алекс Сандро што е невозможна мисија.

Преговорите околу Дринквотер се во тек, последните информации велат дека на „Стемфорд Бриџ“ би можел да стигне и Џејми Варди, како замена за Батшуаји од кого Италијанецот сака да се ослободи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од македонските младински селекции до сениорско деби за Албанија: нов чекор за Фетаи

Фета Фетаи ги доби првите сениорски минути за Албанија во триумфот над Белорусија со 2-0. …