17-годишниот Гави на почетокот на сезоната дебитираше за Барселона и со своите настапи ги воодушеви сите.
Гави стана стандарден во првата постава на Каталонците, притоа се избори и за место во шпанската репрезентација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој тинејџер кој се смета за наследник на Иниеста го привлече вниманието поради еден интересен детал.
Имено, камерите го фатија дека на секој натпревар игра со одврзани врвки на копачките.
На многумина не им беше јасно зошто игра со одврзани копачки и се сметаше дека е тоа случајно, но сега медиумите ја објавија причината.
Гави не игра со одврзани врвки бидејќи копачките им се неудобни туку тоа му е ритуал за кој смета дека му носи среќа.