Навивачите на Интер беа изненадени кога клубот соопшти дека Раџа Наинголан е суспендиран и ќе го пропушти дербито против Наполи.
Наинголан во Интер пристигна од Рома и оваа сезона има проблеми со повредите. Од него на „Меаца“ многу се очекува, но започна да прави проблеми надвор од теренот. Откако медиумите објавија дека има проблеми со коцкањето и ноќните излегувања стигна суспензијата од Интер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Многумина помислија дека Наинголан е казнет поради проблемите со коцкањето, но тоа не е вистина. Интер Белгиецот го казни поради тоа што во изминатата недела дури три пати задоцнил на тренинзите.
Новиот спортски директор Бепе Марота сака да воведе голема дисциплина, а прв кој тоа го почуствува на своја кожа е Наинголан. Белгиецот покрај суспензијата е казнет и со 100.000 евра. Колку Раџа ќе отсуствува не е познато. Во медиумите се шпекулира дека Интер би можел и да го продаде во јануари.