Дома Фудбал Познати финансиските детали од договорот помеѓу Кавани и Јунајтед

Познати финансиските детали од договорот помеѓу Кавани и Јунајтед

Едисон Кавани денеска ќе потпише договор со Манчестер Јунајтед.

Искусниот уругвајски напаѓач ги договорил личните услови за двегодишниот договор со Црвените ѓаволи, каде пристигнува како големо засилување во нападот.

Овој 33-годишен фудбалер на Олд Трафорд добива одличен договор. Ќе заработува плата од 210.000 фунти, односно ќе заработува 11 милиони фунти годишно.

Со оглед на тоа дека има 33 години ова секако е фантастичен договор за Кавани, кој долго беше во потрага за нов клуб откако го напушти ПСЖ.

Потрагата конечно заврши. Тој денеска ќе пристигне на лекарски прегледи, а утре ќе биде претставен како нов член на Црвените ѓаволи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ричардс го отпиша Ѓокереш? „Арсенал мора да бара повеќе голови“

Мика Ричардс смета дека Ѓокереш добил доволно шанси, но не ја оправдал довербата. Според н…