Синоќа како „бомба“ одекна веста за трансферот на Коди Гакпо во Ливерпул, а денес се познати и деталите.
Познатиот новинар Фабрицо Романо пишува дека ѕвездата на ПСВ ќе потпише 6-годишен договор со Ливерпул, ист како и Дарвин Нуњес.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сите клаузули помеѓу двата тима се веќе договорени, а Ливерпул за неговиот потпис ќе плати 37 милиони фунти плус бонуси.
Познато е дека клучна улога во трансферот имале менаџерот Јирген Клоп, кој инсистираше дека му е потребен нов офанзивен фудбалер.
Гакпо имаше понуда и од Манчестер Јунајтед, но неговиот сонародник Ван Дајк го убедил да се пресели на „Енфилд“.
Cody Gakpo has agreed a six year deal with Liverpool, same as Darwin Nunez last summer. All clauses have already been approved. 🔴🇳🇱 #LFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 27, 2022
Guaranteed fee: £37m. pic.twitter.com/XgIfc3VaSf