Со денешната одлука на судот за правда на Европската унија со седиште во Луксембург стана јасно дека иницијаторите на Суперлигата немаат повеќе никакви пречки во нејзиното создавање.
Пресудата беше против најавите на ФИФА и УЕФА дека ќе ги казнуваат клубовите кои ќе учествуваат, па така двете најголеми фудбалски организации ја изгубија моќта да казнуваат за учество во ова ново натпреварување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веднаш потоа се појавија и најави како ќе изгледа Суперлигата која би се формирала во наредниот период. Имено, 64 клуба би се поделиле во три ранга. Првата група би го носела името „ѕвезди“ и ќе биде поделена во две групи од по осум клубову.
Во вториот ранг би учествувале исто така 16 клуба поделени во две подгрупи и ќе го носи името „злато“.
Најбројна група би бил најслабиот ранг, тука би учествувале 32 клуба поделени во четири групи по осум клубови.
Натпреварувањето треба да биде поделено во две фази, а ќе стартува со лигашки систем и секој клуб ќе одигра по 14 натпревари, седум на домашен терен и седум на гостински.
Шпанските медиуми напоменуваат дека Барселона и Реал Мадрид како основачи на лигата ќе добијат финансиска „инекција“ од по милијарда евра.
Во видеото подоле детално се објаснуваат како би течело натпреварувањето и сите услови.
A22 Sports – the company behind a new European Super League – unveil their new format proposal for European club competitions in men's and women's football ⬇️ pic.twitter.com/zzU5gEkp3L
— Sky Sports News (@SkySportsNews) December 21, 2023