Светската фудбалска федерација на свеченост која сео одржа во „Рокфелер“ центарот во Њујорк ги претстави 16 градови кои ќе бидат домаќини на Светското првенство 2026 година.
Светското првенство во 2026 година ќе се игра во 16 градови, 11 во САД, три во Мексико и два во Канада.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Градови домаќини се: Атланта, Бостон, Далас, Хјустон, Канзас Сити, Лос Анџелес, Мајами, Њујорк, Филаделфија, Сан Франциско, Сиетл во САД, Гвадалахара, Мексико Сити, Монтереј во Мексико, односно Торонто и Ванкувер во Канада.
Најголем дел од стадионите имаат капацитет поголем од 60.000 седишта, додека најмал е стадионот во Торонто кој моментно има капацитет од 30.000 седишта, но по реконструкцијата ќе има 45.000 седишта. Најголем стадион на кој ќе се играат натпревари од Мундијалот во 2026 година е „Ацтека“ во Мексико сити кој има капацитет од 87.523 седишта.
Your #FIFAWorldCup 2026 Host Cities:
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) June 16, 2022
🇺🇸Atlanta
🇺🇸Boston
🇺🇸Dallas
🇲🇽Guadalajara
🇺🇸Houston
🇺🇸Kansas City
🇺🇸Los Angeles
🇲🇽Mexico City
🇺🇸Miami
🇲🇽Monterrey
🇺🇸New York / New Jersey
🇺🇸Philadelphia
🇺🇸San Francisco Bay Area
🇺🇸Seattle
🇨🇦Toronto
🇨🇦Vancouver