Непосредно пред натпреварот против Интер Малдини потврди дека постигнале договор со Рафаел Леао за продоллжување на соработката, а сега Фабрицио Романо открива детали.
Најдобриот играч на „росонерите“ ставил потпис на договор со поранешниот европски шампион до 2028 година и според него ќе заработува пет милиони евра годишно плус бонуси, додека откупната клазула ќе му изнесува 175 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со продолжувањето на соработката се става крај на евентуалната сага за трансфер во друг во текот на летото. Се поврзуваше Леао веќе со неколку премиерлигаш, меѓутоа Милан сега може да биде сигурен дека ќе го има и за следната сезона.
Многу брзо се очекува и официјализиација на соработката.