Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти Милан на крајот на сезоната, барем така тврдат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако со неговото доаѓање на „Сан Сиро“ Милан започна да игра нешто подобро, Ибра е незадоволен од она што се случува во клубот и нема да го продолжи договорот.
Ибра би можел дури и да ја заврши кариерата тврди познатиот новинар, Џанлука Ди Марцио.
„Дали Ибрахимовиќ ќе остане во Милан? Не, нема“, изјави Ди Марцио, а исти информации има и неговиот колега Лука Маркети.
„Тешко дека ќе остане. Ралф Рагник е човек кој во тимот сака млади луѓе и ќе мора да започне се од почеток“, изјави Маркети.
Рагник наводно би требало да ја превземе тренерската улога и улогата на спортски директор во таборот на „росонерите“. Ибрахимовиќ од доаѓањето во Милан во јануарскиот преоден рок одигра 10 натпревари и постигна четири гола.