Реал Мадрид славеше минимана победа од 0:1 против Лајпциг во осминафиналето во Лигата на шампионите, меѓутоа многу се коментира поништениот гол на Германците.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На „Ред Бул Арената“ прва се затресе мрежата на „кралевите“, но тој гол на Шешко се поништи поради офсајд и голем дел од јавноста смета дека германскиот тим бил оштетен во таа ситуација.
Познатиот шпански судија, Матеу Лахоз даде свое мислење и тврди дека погодокот не требало да се поништи.
„На теренот може да се погреши, но затоа тука е ВАР. Ова е лудо. Реал Мадрид имаше среќа, лудо е да се поништи гол поради такво нешто. Ова не е фудбалот. Голот на Лајпциг требаше да важи“, изјави Лахоз.
Подоцна во натпреварот Брахим Дијаз го постигна победничкиот гол за Лајпциг.