Дома Фудбал Останато Познатиот судија за најлошиот играч на кој му судел: Во тунелот ме фати „топките“

Познатиот судија за најлошиот играч на кој му судел: Во тунелот ме фати „топките“

Познатиот англиски судија Марк Клатенбург во кариерата имаше прилика да води некои од најголемите фудбалски натпревари.

Клатенбург судеше финале на Европското првенство, финале во ЛШ, финале во ФА Купот…Покрај него поминале голем број фудбалери со различни карактери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во разговор со колумнистот на „Дејли Мејл“ Крег Хоп, Клатенбург ги откри имињата на играчите кои најмногу го нервирале во текот на натпреварите. Помеѓу петмината кои ги избра се Крег Белами, Рој Кин, Јенс Леман, Пепе и Џон Оби Микел.

Имал реакции од сите набројани, па дури Микел го обвини и за расизам, но она што го направил Белами ги поминува сите граници.

„Ме фати за „топките“ во тунелот. Кога велам „топки“ не мислам на топките за натпреварот. Беше шега, барем јас тоа така го сфатив, но помеѓу нас имаше дуели во минатото. Во декември 2009 година го исклучив. Прво му дадов жолт картон поради приговор, за она што ми го зборуваше лесно можеше да добие и веднаш црвен. Вториот жолт картон му го доделив за глума, сепак кога подоцна ја видов снимката видов дека било пенал. Полуде, не можете да замислите колку. Белами е кошмар за секој судија. Цело време беше околу вас да ве нервира. Беше непристоен, тешко е со таквите играчи“, изјави Клатенбург.

Во оваа прилика Клатенбург откри и дека Микел никогаш не му се извинил за лажните обвинувања за расизам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…