Марк Клатенбург кој денес е пензиониран во интервју за „Атлетик“ се потсети на времето кога беше под истрага од страна на судиската комисија во Англија.
Клатенбург во Премиер лигата судеше од 2004 до 2017 година. Сега откри дека еден негов колега го пријавил кај Хауард Веб кој во тоа време бил шеф на судиите. Шпекулациите се дека тоа е Мајк Рајли, меѓутоа Клатенбург не сакаше да потврди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Срамота е што бев обвинет од мој колега судија дека сум местел натпревари. Да, си купив скап автомобич. Но, имав добра работа и сопругата добро заработуваше. Зошто да не купам? Можев да купам и куќа. Срамно е ваш колега да ве обвини. Сепак, нема да го откријам неговото име“, истакна Клатенбург.