Дома Трансфер зона Позната судбината на Алексис Санчез

Позната судбината на Алексис Санчез

Арсенал врза два последователни порази и ситуацијата во северен Лондон не е ни малку добра. Од претенденти за титулата „топџиите“ буквално во една недела се вратија во реалноста.

Месут Озил е на мета на бројни критики, а многумина сметаат дека една од главните причини за лошите партии е приказната околу продолжувањето на договорот на Алексис Санчез.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Навивачите се плашат дека Чилеанецот би можел да ја одбие понудата и кариерата да ја продолжи во Кина. Сепак, англиските медиуми тврдат дека Арсенал е одлучен да ги исполни неговите барања бидејќи приоритет на клубот е да ги задржи своите ѕвезди.

Алексис во преговорите бараше повеќе од 200.000 фунти неделно, што беше горна граница на раководството преку која не сакаа да одат за ниту еден фудбалер.

Сепак, „Дејли Мирор“ дека сега ситуацијата е поинаква и дека Венгер на својот најдобар фудбалер ќе му понуди нов договор, со плата поголема од 200.000 фунти неделно.

Тоа значи дека Санчез го убедил раководството дека заслужува толкава плата и во наредните денови би можел да стапи потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…