Дома Топ вести Позната стратегијата на Реал за Мбапе

Позната стратегијата на Реал за Мбапе

Реал Мадрид на лето спрема големи промени во играчкиот кадар и сигурно ќе пристигне една голема ѕвезда.

Познато е дека најголема желба на „кралскиот“ клуб е Килијан Мбапе, па Реал веќе спрема понуда за младиот Французин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мбапе се уште не го продолжил договорот со ПСЖ и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а тоа им дава поголема надеж на „кралевите“.

„АС“ тврди дека ако Мбапе стави потпис на нов договор, Реал сигурно нема да може да си го дозволи Французинот бидејќи неговата цена ќе биде над 220 милиони евра.

„Кралевите“ се во постојан контакт со неговиот агент и вршат притисок да не го продолжува договорот, па така на лето ќе можат да го донесат за 150 милиони евра, бидејќи Мбапе ќе влезе во последната година од договорот со ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…