Иднината на Алваро Мората е главна тема во спортските медиуми бидејќи напаѓачот најверојатно ова лето ќе го напушти Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми веќе ја открија и неговата следна дестинација и со сигурност тврдат дека Мората од следната сезона ќе игра во Премиер лигата во дресот на Челзи.
Мората минатото лето се врати на „Сантиего Бернабеу“ но не успеа да се избори за првотимски статус. Поради тоа е решен да ја промени средината и да се пресели во клуб каде ќе има поголема минутажа.
„Дон Балон“ пренесува дека агентот на напаѓачот веќе имал средба со челниците на Челзи и постигнал договор, а неговата девојка веќе барала куќа во Лондон.
Се претпоставува дека Челзи за неговиот потпис ќе му плати на Реал Мадрид околу 60 милиони евра.