Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Милан одлучило да го продаде Донарума, бидејќи повеќе не сакаат да прават сапуница и да имаат непријатни ситуации со неговиот агент.
Неговиот менаџер Мино Раиола со сите сили сака да направи голем трансфер ова лето и да го „извади“ Донарума од Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во минатото медиумите пишуваа дека силен интерес за младиот голман покажува Реал Мадрид и ПСЖ, но последните информации говорат дека фаворит за неговиот потпис е Ливерпул.
„Црвените“ бараат нов голман. Јирген Клоп не е задоволен од она што го прикажуваат Кариус и Мињоле и на Енфилд сака да донесе засилување на голманската позиција.
Изборот паднал на Донарума. Раководството на клубот ќе се обиде да го донесе одличниот голман на „Енфилд“, а и според обложувалниците Ливерпул покрај Реал е главен фаворит за неговиот потпис.