Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна трансфер цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде Леандро Паредес од ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Приоритет за Конте ќе биде доведување на играч за врска, кој ќе биде алтернатива за Брозовиќ, а Паредес е прв на листата желби.
Паредес е голема желба на Антонио Конте кој смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра, притоа има големо искуство во Серија А.
Аргентинецот не добива голема минутажа во ПСЖ и е спремен да ја промени средината, па неговиот агент веќе стапил во контакт со Интер.
Италијанските медиуми не исклучуваат како дел од трансферот да биде вклучен Кристиан Ериксен, кој е голема желба на тренерот на ПСЖ, Покетино.