Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон се уште не одлучил што ќе прави на крајот на оваа сезона.
Италијанскиот голман има понудата од славниот аргентински клуб Бока Јуниорс. Сега медиумите откриваат и детали од понудата кога се финансиите во прашање.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според истите, Буфон во Бока би можел за пет месеци да заработи 2.5 милиони долари и да ја заврши кариерата во аргентинскиот гигант.
Доколку Буфон се одлучи да ја прифати оваа понуда би станал најплатениот фудбалер во Аргентина, повеќе и од сегашната прва ѕвезда на тимот Карлос Тевез.
Буфон во Јувентус брани уште од 2001 година, а конечната одлука околу потенцијалниот трансфер во Буенос Аирес голманот ќе ја донесе на 17 мај.
би бил трет клуб во кариерата на освојувачот на Мундијалот со Италија со оглед на тоа што пред Јувентус го носеше дресот на Парма.