Каталонски „Спорт“ пренесува дека примарна трансфер цел на Барселона ова лето ќе биде ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ливерпул не размислува за трансфер, но самиот фудбалер сака да ја промени средината и да се пресели во Шпанија.
Барселона поради финансиските проблеми тешко дека ќе може да го доведе Колумбиецот, но не се откажува од намерата.
„Спорт“ пренесува дека Барселона е спремна да продаде некој од ѕвездите во тимот како Рафиња и Де Јонг за да го доведе Луис Дијаз.