Како што пренесува „АС“, српскиот напаѓач Лука Јовиќ нема да го напушти Реал Мадрид во текот на зимскиот преоден рок.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Многу се шпекулира за иднината на Јовиќ и медиумите тврдеа дека сигурно ќе ја промени средината во јануари, бидејќи за него интерес покажуваат неколку клубови ширум Европа.




Меѓутоа, ситуација се промени во последно време, бидејќи Анчелоти почна да му дава поголема минутажа, а Јовиќ ја оправда довербата.
Анчелоти сака да го има во тимот до крајот на сезоната и му порачал на раководството да не преговара за негова продажба.
Јовиќ има договор со „кралевите“ до 2025 година, а на лето готово сигурно ќе биде продаден.