Интер покажува сериозен интерес кон напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, пренесуваат италијанските медиуми.
Според „Калчомеркато“ тренерот Симоне Инзаги го посочил младиот напаѓач како примарна трансфер цел за следната сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Примарна цел на „нероаѕурите“ во летниот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач бидејќи Џеко е во поодминати години, а Санчез е на излезна врата.
21-годишниот напаѓач оваа сезона блеска во дресот на Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Интер е спремен да ја победи конкуренцијата.
Францускиот клуб е спремен да го продаде напаѓачот на крајот на сезоната, а за неговата слобода бара најмалку 35 милиони евра.