Со 19-тото коло и дуелот со Пелистер во Турново утре ФК Победа АД ја започнува пролетната полусезона во шампионатот 2017/2018 на Првата лига.
Победа во зимскиот преоден рок доведе 11 нови фудбалери, па сигурно очекувањата на Прилепчани во пролетниот дел од сезоната се многу поголеми.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Конечно состојбите во клубот се стабилизирани, а есеноска имаше проблеми со доцнење на исплатите. Сега е како треба и морам за ова посебно за се заблагодарам на ВД Претседателката Јакимовска, затоа што да не беше таа сигурно ќе беше многу многу потешко. Сигурно дека и таа и идниот претседател Стојковиќ и Спортскиот директор Николоски дадоа свој придонес да се направи тим и селекција“, изјави тренерот Славољуб Бубања.
„Доведовме 11 но ни заминаа 14 играчи. Се обидовме да ангажираме зацртани засилувања. Сигурно задоцнивме околу комплетирањето на тимот, поради промените во клубот и подоцниот старт на подготовките, ако беше од почеток работите ќе беа како што треба. Јас секогаш сум искрен, така е и овојпат, и не сум сигурен во целост дека дали сите ќе бидат засилувања, бидејќи тука има играчи кои подоцна се приклучија и кои дојдоа тука да се докажуваат. На крајот фокусот беше што повеќе прилепчани да останат а дали не сме погрешиле ќе покаже крајот на сезоната. Она што го доведовме и што мислиме дека се јас сметам дека се вистински засилувања. Никогаш не истакнувам поединци но доведовме голман-интернационалец-Тофилоски, кој ќе биде наш капитен, а тука е и Даноски, кој исто така е со завидна интернационална кариера…Тоа се вистинските засилувања“, додаде Бубања.