Секој трет жител на Каталонија е навивач на Барселона, но сите навивачи на клубот од „Камп Ноу“ ги изненади истражувањето кое го покажа бројот на навивачите на Реал Мадрид во таа покраина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За Барселона навиваат 77,5% од Каталонците, а втор клуб според бројот на навивачи не е градскиот ривал Еспањол туку Реал Мадрид. Имено, за најголемиот ривал на Барса навиваат дури 10% од жителите на Каталонија, која според последниот попис има повеќе од 7 милиони жители.
За Еспањол навиваат 3,6% од населението во Каталонија, на четврто место е Атлетик Билбао со 1,4%, а Атлетико Мадрид е петти со 1,2 %.
Интересно, истражувањето покажа дека 55% од Каталонците се горди или многу горди на резултатите на шпанската репрезентација додека останатите се рамнодушни на резултатите на „црвената фурија“,