Дома Фудбал Репрезентации Погреши ли ФИФА? Репрезентациите во проблеми, многу ѕвезди ќе го пропуштат Мундијалот

Погреши ли ФИФА? Репрезентациите во проблеми, многу ѕвезди ќе го пропуштат Мундијалот

До почетокот на Мундијалот во Катар останува еден месец, а многу селекции се соочуваат со повреди.

Последен во низата кој би можел да го пропушти е најдобриот голман на Швајцарија, Јан Зомер. Зомер на синоќешниот меч од Купот на Германија меѓу Менхенгладбах и Дармштад незгодно доскокна и го повреди скочниот зглоб.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Се чекаат деталните прегледи за да биде познато колку долго ќе биде отсустен од терените, ако го пропушти Мундијалот сигурно дека тоа ќе биде тежок удар за Швајцарците.

Ден претходно се потврди повредата на Диого Жота кој се очекуваше да биде стартер во португалската репрезентација. Жота се повреди во дербито за Ливерпул против Манчестер Сити.

Како што изгледа најтешко за играње во овој период е во Англија затоа што Н’Голо Канте сигурно нема да игра за Франција, а најверојатно ниту Рис Џејмс за Англија.

Мундијалот ќе помине и без новото засилување на Рома, Паоло Дибала. Дибала го скина мускулот при изведување на пенал, слична е ситуацијата со Жоржињо Вајналдум кој нема да игра за Холандија.

Потоа во Катар нема да ги гледаме: Араухо за Уругвај, Ројс за Германија, Артур за Бразил, Раул Хименез за Мексико, Калвин Филипс за Англија…Неизвесни за настап се и Анхел Ди Марија и Пол Погба.

Мундијалот започнува на 20. ноември, па се стравува дека густиот распоред може да донесе уште некоја повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти откри каква е повредата на Мбапе

Килијан Мбапе го постигна првиот гол за Реал Мадрид во победата над Аталанта 3:2 во шестио…