Дома Фудбал Погледнете ја реакцијата на третолигашот откако дозна дека ќе игра со Барселона во Копа дел Реј

Погледнете ја реакцијата на третолигашот откако дозна дека ќе игра со Барселона во Копа дел Реј

Ова е ден кој никогаш нема да го заборават фудбалерите на шпанскиот третолигаш Унионистас де Саламанка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Прво го исфрлија Виљареал во 1/16-финалето на Купот во луд меч кој траеше два дена, а сега по ждрепката дознаа дека во осминафиналето ќе игра против големата Барселона.

За потсетување, натпреварот помеѓу Унионистас и Виљареал беше прекинат во неделата непосредно пред продолженијата, поради електричен проблем кој го фрли во темнина стадионот на Саламанка.

Во моментот на одмор резултатот беше 1:1. Илијас Чакур ги доведе гостите во водство во 81. минута пред Алфред Планас да израмни пет минути подоцна од пенал.

Натпреварот продолжи во понеделник попладне. Бидејќи немаше повеќе голови, тоа беше решено со удари од белата точка, а одлуката дојде во осмата серија кога играчот на Виљареал, Кико Феменија го промаши целиот гол и можеше да започне големото славје на домаќините.

Недолго потоа се одржа ждрепката за осминафиналето, во која Унионистас де Саламанка ја доби Барселона, а во продолжение погледнете ја нивната реакција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

После 6-часовен состанок јасно е кој ќе биде новиот тренер на Милан!

Италијанскиот „заспан“ гигант Милан бара нов тренер откако се раздели со Масимилијано Алег…