Дома Видео Погледнете што направија Аргентинците откако судијата означи крај против Бразил

Погледнете што направија Аргентинците откако судијата означи крај против Бразил

Аргентина синоќа на Маракана го победи Бразил со 1:0 и со тоа дојде до првиот наслов првак на Јужна Америка после 28 години.

Тоа воедно е и прва титула за Лионел Меси кој до сега со Аргентина загуби три финалиња, а после последниот пораз од Чиле во 2016. години размислуваше дури и да ја напушти репрезентацијата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меси после натпреварот воодушевено зборуваше за титулата, а колку на Аргентинците и значеше оваа титула најдобро можеше да се види после последниот свиреж на судијата. Кога досуди крај, Меси клекна на тревникот и со рацете го покри лицето, а веднаш потоа сите играчи дојдоа кај него да прослават, а потоа на раце го фрлаа во воздух.

Меси е прогласен за најдобар играч на турнирот, а титула со Аргентина му беше единствено нешто што му недостасуваше во неговата богата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…