Дома Фудбал Погледнете како Серхио Рамос среде изјава и се нафрли на навивачите

Погледнете како Серхио Рамос среде изјава и се нафрли на навивачите

Во средбата од 19. коло во шпанското првенство, Севиља го претрпе четвртиот пораз во последните пет натпревари.

Овојпат на домашен терен загубија од Атлетик Билбао со 2:0.

Очигледно, навивачите се незадоволни од последните резултати на клубот, а по новиот пораз пред камерите застана Серхио Рамос, еден од најискусните играчи во тимот.

Додека тој разговараше со новинар, навивачи од трибините фрлија нешто кон него.

Рамос ја прекина изјавата и вербално се пресмета со навивачите. „Почитувајте ги луѓето, почитувајте го овој грб! Овде разговараме! Почитувајте не и ќутете“, рече Рамос, а потоа продолжи со изјавата.

Севиља моментално е на 16-то место во првенствената табела со 16 бодови, што е само еден бод над зоната за испаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија ги одреди броевите за Франција: „десетката“ останува кај Фаџоли

Манчини избра 23 фудбалери за дуелот на „Сан Сиро“, а браќата Еспозито се во комбинација з…