Дома Фудбал Погледнете како ПСЖ остана без победа во 94. минута

Погледнете како ПСЖ остана без победа во 94. минута

ПСЖ не успеа да го победи Лил иако до четвртата минута од судиското надополнување имаше водство од 1:0.

Стрелец на голот беше Килијан Мбапе со удар од белата точка, а тоа беше негов вкупно 180. во 232. меч во францускиот шампионат.

ПСЖ беше на пат до деветтата првенствена победа, но откако прими гол, Лил одигра одлучно и почна да создава шанси до крајот.

ПСЖ одбиваше напади до 94. минута, кога потклекна. Одбраната на Париз погреши, а по одбиената топка Џонатан Дејвид успеа со глава да погоди за конечни 1:1.

Голот погледнете го ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус го враќа поранешниот голман

Полскиот чувар на мрежата, Камил Грабара, се соочува со раскинување на лигаментите на коле…