Дома Фудбал Погледнете како мачка го прекина дербито во Бразил

Погледнете како мачка го прекина дербито во Бразил

Во финалето на шампионатот на бразилската сојузна држава Паулиста, се соочија локалните ривали Сантос и Палмеирас.

На крајот, поранешниот клуб на Пеле, Сантос, новопечениот второлигаш, ја извојува минималната победа, победувајќи го актуелниот бразилски шампион. Реваншот се игра за една недела кога Сантос ќе брани водство од 1:0 во Сао Паоло.

Покрај изненадувачката победа на домаќините, натпреварот го одбележа и еден несекојдневен момент во судиското надополнување. На неколку минути пред крајот црна мачка истрча на теренот.

Животното како молња се движеше низ теренот, и никој не можеше ни да се доближи до него. Откако сама се оддалечила, натпреварот продолжил.

Black cat on the pitch during the Paulista State Championship Final (Palmeiras x Santos)
byu/Ser_Claudor insoccer
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…