Дома Фудбал Погледнете го неверојатното промашување на српскиот напаѓач против Шпанија

Погледнете го неверојатното промашување на српскиот напаѓач против Шпанија

ЛУКА ЈОВИЌ (26) неверојатно ја пропушти совршената можност за сензација на Србија против Шпанија во првото коло од Лигата на нации.

Во Белград домашните освоија бод (0:0) против актуелниот освојувач на Лигата на нации и на ЕП и тој резултат го слават како победа, но имаа одлична можност да се стигнат до триумф.

Во 34. минута Андрија Живковиќ извонредно проигра низ шпанската одбрана и Јовиќ остана сам пред шпанскиот голман.

Јовиќ имаше многу време и простор за да постигне гол, но иако никој не му пречеше на седум-осум метри од голот, шутираше и ја промаши целата рамката од голот. Неверојатното промашување можете да го погледнете ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Овие луѓе се идиоти“: Навивачите на Манчестер Јунајтед шокирани од одлуките на управата на клубот!

Последните часови од преодниот рок донесоа неверојатни пресврти, големи трансфери и одлуки…