Дома Фудбал Погледнете ги сите голови на Пандев во дресот на Џенова 🎥

Погледнете ги сите голови на Пандев во дресот на Џенова 🎥

Репрезентативецот на Македонија Горан Пандев вчера во натпреварот против Беневенто во кој неговата Џенова одигра 2:2 беше стрелец на двата гола.

Со двата гола Пандев стигна до бројката од 100 гола во најсилната италијанска конкуренција и така стана првиот Македонец кој стигнал до 100 гола во некое од најсилните првенства.

Во дресот на Џенова Пандев постигна 27 гола, а на официјалниот клупски канал објавија видео од сите голови на Гранде во нивниот дрес.

Од другите клубови Пандев има 19 за Наполи, 5 за Интер, 48 за Лацио и 1 (првиот) за Анкона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси повторно тргнува по Скот, Борнмут бара 100 милиони фунти

Алекс Скот наводно е првата јануарска желба на Челси, откако Борнмут летово одбил понуди ш…