Манчестер Јунајтед вчера изгуби во градското дерби од Сити на домашен терен 0:2.
Со тој пораз „црвените ѓаволи“ значително си ги намалија шансите да изборат место во Лигата на шампионите наредната сезона. Но, многумина ќе се сложат дека ваков
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед не заслужува да игра во најелитното европско натпреварување.
Голем дел од играчите на Јунајтед вчера одиграа под просекот, а најмногу критики одат на сметка на Французинот Пол Погба кој го немаше никаде во средината на теренот.
Критики на негова сметка претходно испрати Рој Кин..
„Погба е талентиран фудбалер, но тоа е епитет кој го носи долго време. На голем број натпревари не сме го виделе како прави спринт и се враќа назад. Погледнете го неговиот говор на телото. Само ги крева рацете и негодува. Тој е голем проблем за Манчестер“, гласеше изјавата на Кин.
Сега Кин беше надополнет од уште една легенда на Манчестер Јунајтед, Гери Невил.
„Мене ми изгледа како Погба да не сака да остане во Манчестер Јунајтед. Неговиот менаџер има големо влијание и мислам дека тука е проблемот. Јас уште кога играше во добра форма зборував дека неговиот менаџер ќе направи се за Погба да си замине. Сите знаеме кој му е агент и какво влијание може да има врз него. Погба можеше да се наметне како вистински лидер на овој тим, но не го направи тоа“, смета Невил.